Нови измени во составот на бразилскиот mibr. Carlos 'KIKOOOO' Segal го напушта тимот, а на негово место се враќа Arthur 'prd' Resende. Со него ќе се врати и Wellington 'ton' Caruso како 5ти играч кој недостасуваше во тимот.
Менаџерот на mibr изјави дека KIKOOOO заминува на негово барање, поради лични проблеми. На тимот сега повторно му се враќа Arthur 'prd' Resende кој откако првично беше отпуштен од mibr играше за нивниот најголем бразилски конкурент FireGamers.
За разлика од 'prd', Wellington 'ton' Caruso откако пред 6 месеци беше протеран од mibr, не потпиша договор со друг тим. Некои навистина би се запрашале, дали вакова долга "пауза" може да влијае на квалитет на играчот, но неговите соиграчи воопшто не се загрижени за 'ton'. Thiago 'btt' Monteiro изјави дека очекува многу од 'ton' и дека воопшто не се сомнева во неговите квалитети.
Ова е трета измена во редовите на mibr во последниве 6 месеци. Измени во тимот се должат заради лошите перформанси. Се очекува со новиот line-up тимот да ја подобри играта и да се докаже дека со причина е најдоброто нешто од Бразил.
Made in Brazil 2009:
Raphael 'cogu' Camargo
Thiago 'btt' Monteiro
Guilherme 'spacca' Spacca
Arthur 'prd' Resende
Wellington 'ton' Caruso